Press "Enter" to skip to content

Дигитализирај ја својата иднина: Оклучи го својот потенцијал (видео запис)

Промоција на видео запис од кампањата нa Преда Плус Фондација за подигање на јавна свест за дигитализација.

Слушнете ги Мисела, Дерија, Леман и Флоренсија и нивните искуства, мислења и препораки за обуката за дигитални вештини.

Дигитализацијата има значителен влијание на личниот и професионален развој. Учењето на дигитални вештини и користењето на технологијата како алат за учење може да отвори многу врати за успех.

Десет ученички од  од средните училишта во Битола имаа можност за напредок во светот на дигиталните вештини. Учениците посетуваа обука за дигитални вештини со програма развиена од технолошко дигиталната глобална компанија HP Hewlett-Packard од САД. Оваа обука, која ја реализираше мкадинската организација ИМКА имаше за цел да ги поттикне младите луѓе да стекнат знаења и вештини потребни за да напредуваат во дигиталната ера.

Преку обуката, ученичките го подобрија своето дигитално образование и вештини отворајќи ги вратите за нови можности за кариерен развој и вработување.

Камопањата се реализира во склоп на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“, финансиран од Европска Унија и имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.