Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена марихуана во Затвор Битола, битолчанец нападнат во казино, каснување од куче скитник

На 28 јануари 2024 година во 13.30 часот во Казнено – поправна установа Затвор Битола, при претрес на просторијата на затворениците на возраст од 36, 35, 37, 27 и 47 години била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 29.01.2024 во 07.00 часот во ОВР Прилеп, В.Г.(62) од Битола пријавил дека пред казино на ул. „Кузман Јосифоски” во Прилеп бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.01.2024 во 14.05 часот во СВР Битола, E.Н. (35) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска“ била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »