Во организација на џудо федерацијата на Македонија, во Битола во просториите на Будо-центарот се одржува семинар за џудо судии и тренери, на кој предаваа џудо мајстори од државата.
Федерацијата со техничка поддршка на џудо клубот Пелистер од Битола се одржа полагање на 1 Кју и Мајсторски Дан појаси.
Полагањето беше спроведено од Дан комисијата во состав: Ѓуро Илиќ 7- ми Дан – претседател, Славе Димитријоски 6 – Дан член, Киро Здравески 6-Дан член и Дејан Мицкоски 4 – Дан член.
-Ова се редовни активности на џудо федерација кои џудо клубот Пелистер технички ги организира. Имаше одлични предавања на семинарот, а присутните имаа прилика да научат нови работи кои ќе ги применат во тренинзите и судењето на натпреварите. Потоа комисијата одржа и полагање за повисоки појаси, а 18 кандидати од клубовите членки на ЏФСМ се здобија со повисоки степени- појаси, рече Ѓуро Илиќ, претседател на џудо федерација.

Семинар за џудо судии и тренери и полагање за појаси во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: битолчанец со “опел“ возел во спротивна насока под дејство на алкохол
- Даскаловски и Малешевиќ едногласни: вечер во Битола вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Утре продолжуваат кошаркарските возбудувања во Битола – „пелистерци“ едногласни: одиме по нова победа против ТФТ
- Свечена академија во Библиотеката по повод патрониот празник, плакета за Александар Стерјевски постхумно (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Даскаловски и Малешевиќ едногласни: вечер во Битола вистинско дерби, сакаме победа над ТФТ и прво место
- Утре продолжуваат кошаркарските возбудувања во Битола – „пелистерци“ едногласни: одиме по нова победа против ТФТ
- Еурофарм Пелистер како гостин во Битола рутински ги освои бодовите против Струга
- Рубен Гарабаја не е повеќе тренер на Еурофарм Пелистер од Битола, Шундовски привремено решение
- Загреб првата победа во ЛШ ја забележа против Еурофарм Пелистер








