Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: не мора да да му се објаснуваш себеси на никој…

-Започни да живееш за себе, никогаш за да ги импресионираш другите.

Низ комуникациите со другите луѓе често сме или биле во позиција да се чувствуваме како да не испрашуваат…  Кај си?, Што правиш?, Што работиш?,  Има нешто ново, да ме изненадиш?, Што мислиш за ова, она…?, Што планираш?, Зошто си нерасположен?, Кој те изнервира?, Дали диплпмира, за она што студираше, или нешто паузираше…?, Дали работиш?, Колкава ти е платата?, Кога ќе се мажиш, жениш…?, Што чекаш?, Дали имаш деца, кога планираш…? Што чекаш?, Имаш ли кредит, колкава ти е ратата?, Дали ти е нов телефонот, колку го купи колкава меморија има…, Си купи ли автомобил, на старо или …, Кои ти се мајка, татко?, Колку години имаш?… На еден начин кажи ми да можам мирно да спијам“ фазон…

Секој се нашол во многу слични ситуации да одговара на прашања кои се дел од нашата интима и за кои треба да објаснуваме или правдам зшто е така и така… Тука не станува збор за однесувањето на другите кон нас, кое  не можеме да го промениме туку за НАС. Како ќе реагираме зависи од НАС самите…  Личностите кои  се чувствуваат многу непријатно од прашањата кога  кога не се задоволни од ОДГОВОРИТЕ на истите. Но и кога СЕ задоволни, не е пријатно да си предмет на туѓа љубопитност.  Не мора да да му се објаснуваш себеси на никој.

Совети

-Ако не сте личност која може да каже што мисли, да поставува граници, да каже НЕ во некои ситуации, (каско во случаите) да се завземе  за себе…

-Не се присилувајте,  разберете ги своите реакции, зошто ви е важно да не поставувате граници, почуствувајте ги тие предности и придобивки за себе, превземете одговорност за своите чувства и свој живот, доживеете го тоа…

Во оваа ситуација добро е да си кажате макар и на себеси “Не мора да да му се објаснувам себеси на никој“. Прашањето  Кој сум?  Дали сум среќен? Е вечно прашање кое си го поставуваме самите себеси… Но, само нашето чувство на интуиција  во телото се разликува кога даваме одговор на него на секои две три години во животот…

Затоа поставете си ги на себе овие прашања:

-Што сакам,  НЕ што треба да сакам…?

-Како се чувствувам, НЕ што треба да чувствувам…?

-Дали ќе бидам прифатен/а ако сум свој/а ?

-Многу луѓе не го знаат одговорот на тоа прашање и се губат во на имиџи каков треба да биде или кое општеството го нуди…

Колку е поголема разликата помеѓу јавниот „селф“ како се прикажуваме пред другите  и автентичниот селф, толку е поголема разликата  кон тоа автентилчниот да го саботира јавниот.

-Преку –одлагање, за своите или „за малку“ успеси, окривување на другите …

-А ако на тоа ги придодадеме и епитети што си ги даваме со нашиот внатрешен говор :          „Па мрзелив си, немаш самодоверба, не те бива, па стрпи се… Види го оној, онаа… споредување со другите… (социјалните мрежи го поттикнуваат споредувањето со другите… Види текст во рубрика “Совети“)

Со тоа се тргнува во магичниот круг на себеокривување и неуроза бидејќи не сме како што треба, без да се прашаме, а дали јас тоа го сакам воопшто и која е емоционалната цена за тоа. Потребно е да превземете свесна одговорност за своите односи и последиците од  своето однесување.

Затоа не мора да да му се објаснуваш себеси на никој.  Започни да живееш за себе, никогаш за да ги импресионираш другите. НЕ е потребно да знаеш кој те сака и кој не те сака… Важно е како се гледаш себеси.