Press "Enter" to skip to content

Маж на 42 години загина како совозач во “пежо“ кое се судри со комбе за превоз на патници на излезот од Битола кон Демир Хисар, има и 18 повредени

Едно лице загина, а осумнаесет се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево, во 15 часот, се случила на регионалниот пат Битола – Демир Хисар. Според неофицијални информации до несреќата дошло при судир на патничко возило и комби кое превезувало работници и двете со битолски регистарски таблички.

Сообраќајката се случила на излезот од Битола кон Демир Хисар во директниот судир, а маж на возраст од 42 години е загинат на самото место. Повредените се премесени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана лекарска помош, а дел од нид се пуштени на домашно лекување.

Во првите детали на МВР за сообраќајката се вели:

-Во 14.57 часот на излезот на Битола према Демир Хисар, кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од А.С. (25) од село Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило “пежо” со битолски регистарски ознаки управувано од К.Ј. (36) од Битола. Во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42) од Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »