Денес, со панихида во гробиштата “Света Недела“ во Битола беше одбележана 73 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба, Павел Шатев, која беше организирана од Патриотскиот институт “Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
На присутвуваа присуствуваа, положија цвеќе и се поклонија на Шатев претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничката Силвана Ангелевска, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Ивановски, претставници на партиски структури, членови на партијата.
Панихидата ја изврши протоетеј Љупчо Атанасов, светшеник од црквата “Св. Недела“ од Битола кој одржа и мало потсетување на животот и делото на Павел Шатев, за неговара револуционерна дејност… за неговото одржување на казната во озогласените затвори во Фезан – Сахара, Еди Куле – Солун, се до неговата смрт во Битола.
Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Шатев е задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција е успешно извршена, при што бродот бил запален, а и сите патници се спасени. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија.
На 30 јануари 1951 година во Битола, лишен е од контакти со надворешни лица и држан во тешки услови го завршува својот живот, а гробот му се наоѓа во Светонеделските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.

Панихида по повод 73 години од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Еврејските гробишта ќе се преуредуваа во Меморијален парк на Евреите од Битола (фото)
- Бендот “КОД 369“ од Битола настапи во Македонскиот културно-информативен центар во Софија
- Еурофарм Пелистер поразен во Охрид, со многу поддршка од Битола во “Билјанини извори“(фотогалерија)
- “Муза 2“ свечено промовирана во Офицерскиот дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 11 степени





