Press "Enter" to skip to content

Панихида по повод 73 години од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола (фотогалерија)

Денес, со панихида во гробиштата “Света Недела“ во Битола беше одбележана 73 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба, Павел Шатев, која беше организирана од Патриотскиот институт “Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.На присутвуваа присуствуваа, положија цвеќе и се поклонија на Шатев претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничката Силвана Ангелевска, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Ивановски, претставници на партиски структури, членови на партијата.Панихидата ја изврши протоетеј Љупчо Атанасов, светшеник од црквата “Св. Недела“ од Битола кој одржа и мало потсетување на животот и делото на Павел Шатев, за неговара револуционерна дејност… за неговото одржување на казната во озогласените затвори во Фезан – Сахара, Еди Куле – Солун, се до неговата смрт во Битола.Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Шатев е задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција е успешно извршена, при што бродот бил запален, а и сите патници се спасени. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија. На 30 јануари 1951 година во Битола, лишен е од контакти со надворешни лица и држан во тешки услови го завршува својот живот, а гробот му се наоѓа во Светонеделските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.

More from ВестиMore posts in Вести »