Press "Enter" to skip to content

Нова година, нова ТИ, пристигна Ендосфера во “БОДИ М“

Италијански третман, за кој најубавите жени на светот Италијанките, во шега ќе кажат дека тоа било љубов на прв допир, а ние ќе ви објасниме зошто е тоа така. Третманот со ендосфера е всушност етстетика која долго се очекуваше.

Првичната цел на овој уред беше да им помогне на спортистите побрзо да закрепнат од помали и поголеми спортски повреди. Сепак, апаратот се покажа како одличен за лимфна дренажа (третман кој ја чисти лимфата од токсини), кој кога правилно се прави доведува до чувство на леснотија во нозете, но и го чисти телото од целулит. Зголемувањето на брзината на сферите (силиконски ротирачки топчиња на сондата за масажа) доведе до нови откритија.

Не само што беше стимулирана лимфната дренажа, туку почна да се враќа и мускулниот тонус, а со тоа и кожата да се затегнува, што пак предизвика да го врати младешкиот сјај. Со обновувањето на мускулниот тонус и стимулацијата на циркулацијата дојде до уште еден резултат – ендосферата стана одлична за подигнување на задникот. Целокупниот резултат добиен од сето она што го сочинува италијанското чудо на уредот е дека третманот со ендосфера е одличен избор доколку сакате да го обликувате вашето тело на неинвазивен или безболен начин, без липосукција.Третманот е толку добар што популарниот Форбс го вклучи во најдобрите неинвазивни третмани. И ако помисливте дека ЕНДОСФЕРА е само за тело, тогаш имате грешка. Ендосферата на лицето – да, постои! Покрај ендосферата на телото, постои и третман ендосфера на лице. Додека ендосфера на телото ги опфаќа нозете, задникот, стомакот, рацете и грбот, ендосферата на лице, деколтето и вратот е револуција. Третманот за лице ја враќа виталноста и свежината, брчките значително се намалуваат, старечките дамки исчезнуваат и се истакнуваат јаболчниците и устата.

Најдобро од сè, ендосферата дава значајни резултати во елиминирањето на кошмарот на сите жени – стареењето. Резултатите со редовно одржување може да бидат трајни. Ендосферата не е само отстранување на целулитот, губење на тежината, обликување на телото, враќање на мускулниот тонус, бришење на брчките и старечките дамки, ендосферата е многу повеќе! Навистина го буди хормонот на среќата и тоа не само поради младешкиот изглед што го создава, туку и поради чувството на уживање што го дава за време на третманот. Чистата лимфа е половина од здравјето на жената, не само естетски, туку и пресудна за правилното функционирање на организмот.

Затоа, драги наши, доколку сè уште не сте не посетиле, тогаш време е да закажете БЕСПЛАТНА консултација и да дознаете се што треба да знаете за овој италијански третман кој ги освои жените ширум светот.

Ве очекуваме да ја вратите насмевката на вашето лице и да го разбудите хормонот на среќата во Новата 2024 со БОДИ М