Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени повеќе лица, каснувања од кучиња скитници

На 31.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода  39 годишно лице  од Битола. При претрес во домот и просториите, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја, додека при претрес во неговото патничко моторно возило било пронајдено пакување со грутчеста материја. Лицето е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 31.01.2024 во 20.20 часот на ул. „Кочо Рацин” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 20 години, 23 годишник од Битола, 23 годишник од село Дихово и еден малолетник од Битола. При преглед кај нив, кај едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.01.2024 во 15.40 часот во СВР Битола, В.Н.(21) од Битола пријавил дека на ул.„Димче Лахчански” во Битола бил каснат од куче скитник .
 

На 31.01.2024 во 21.00 часот во СВР Битола, И.М.(43) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »