Press "Enter" to skip to content

Унапредување за Методија и Михајло Илиевски, ќе судат во ракометната Лига на Европа

Судискиот ракометен пар од Битола, близнаците Методија и Михајло Илиевски, добија судиско унапредување, Европската ракометна федерација ги делегираше за натпреварите од четвртата рунда во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Битолскиот судиски пар добива шанса во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување, која како рекоа сакаат максимално да ја искориста и да се етаблираат во ова европско натпреаврување.

Методија и Михајло Илиевски се делегирани на натпреварот во Романија, што ќе се одигра во Таргу Жиу, меѓу истоимениот романски тим и норвешката Сола, кој ќе се одигра утре, на 3 февруари од 16 часот.

Методија и Михајло Илиевски како ЕХФ судии, ракометната правда изминатите години ја делеа на голем број натпревари на ЕХФ шампионатите во младинските конкуренции, како иво  Европскиот Куп кај дамите и мажите. 

More from ВестиMore posts in Вести »