Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: синдром на болен синусен јазол -SSS

Со д-р Васил Чипуровски информираме за стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за синдром на болен синусен јазол -SSS, за што вели:

-Нормалниот срцев ритам се создава во високо диференцирани клетки на синусниот јазол кој е лоциран во ѕидот на десната преткомора а се шири преку деполаризација на клетките кон атриовентрикуларниот јазол и потоа по гранките на Хисовиот сноп кон коморите со цел овозможување наизменични контракции и релаксација на срцевите преткомори и комори и испумпување на крвта од преткоморите кон коморите и големите крвни садови.

Синусниот ритам е нормален од 60-100 срцеви контракци за една минута. Кога срцевата фреквенцијата е под 60 /минута имаме синус брадикардија која можи да се утврди со аускултација или ЕКГ.

Синдромот на болен синусен јазол или SSS го карактеризираат синус брадикардија, синусна пауза  СА блок и синдромот на брадикардија-тахикардија синдромот кај кој нагло на синус брадикардија се надоврзува АVNTH, атријален флатер или атријална фибрилација. Брадиаритмиите  можи да се појават со симптоми (градна болка замор, синкопа) и да се асимптоматски во 90% кај млади лица со доминација на вагуст, често се среќаваат и  кај  различни системски заболувања како тиротоксикоза, феохромоцитом, саркоидози амилоидози кои влијаат на срцевиот ритам како и интоксикации со бета блокатори и дигиталис, хипокалиемија хипомагнеземија како и во случаи и при КАБ кардиомиопатии, ендокардитиси итн.

Дијагностички често покрај ЕКГ има потреба и од КСТ Ехокардиографија, Холтер ЕКГ итн.

Синусна аритмија има и физиолошки кај млади здрави лица  со зголемување на срцева  фреквенција при инспирација и намалување при експирација доколку нема поврзаност со респирациите можи да има структурно заболување на срцето најчесто кај постари лица. Синусната пауза и синусен блок се појавува кога синусниот импулс не се пренесува на преткомори и комори и изостанува појава на P-бран на ЕКГ и последователен QRSкомплек кој доколку е повеќе од еден срцев циклус може да доведе до синкопа и загуби на свест најчеста причина доминација на вагус или АИМ и дегенеративни процеси.

Лекувањето е со Атропин ИВ, лекување на основното заболување ретко  кај потешки случаи и со имплантација на  пејсмејкер.