Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер ги завршија подготовките во Охрид, продолжуваат во Битола (фотогалерија)

Денес со одигрувањето на последниот натпревар на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид, кој го загубија со 0:1 од екипата на Охрид, фудбалерите на Пелистер од Битола, ја завршија втората фаза од подготовките и од утре продолжуваат во Битола. Кога сме кај натпреварот мора да се каже дека Пелистер не одигра како посакуваа, а се гледаше дека фудбалерите беа “со тешки нозе“ по тешките подготовки.Тренерот на Пелистер, Влатко Костов, за оваа фаза од подготовките во Охрид, пред состанокот со тимот пред натпреварот, во нивната фудбалска база, хотелот “Милениум“ на брегот на Охридското езеро ни рече:-Ова е фактички втора фаза од зимските подтотовки која моравме да ја одработиме на потопло во Охрид, каде работевме на работа со топка и воигрување на тимот преку контролни натпревари. Мислам дека максимално ги искорстивме одличните услови кои во овој дел на годината не можевме да ги имаме подобри. Покрај одличните услови за тренинг имавме и квалитетни противници, Затоа упатувам огромна благодарност што мене, како тренер, и на фудбалерите тоа ми се овозможи од страна на раководството на клубот. Секако можам да изразам благодарност и за гостопримството кое го имавме од вработените во хотелот. Денес го затвораме овој дел од подготовките и веќе од утре, во преостанатите две седмици до стартот на пролетниот дел ќе ја работиме последната фаза од подготовките, и продолжи:Што де однесува пак до тимот имам сознанија за тоа кој ќе стартува, а околу 80 проценти ги имам имињата, остануваат уште некои дилеми. Јасно ми е со што располагам, а ќе кажам дека Пелистер има квалитет да биде во тие две места, односно две екипи, кои ќе изборат директен пласман во Првата лига. Остануваме на овој тим, ние и претходно рековме дека тие фудбалери кои се подготвуваат, што сакаат да бидат членови на Пелистер треба да ги одработат подготовките максимално, а овие фудбалери се приклучени од првиот ден и работат максимално. Мислам дека сме пополнети на сите места. Фудбалерите во Втора лига се аматери, немаат професионални договори, а доколку некој сака да замине, и ако има таков ние ќе разговараме со еден или два фудбалери до почетокот на преодниот рок.Капитенот на Пелистер, Благојче Љамчевски, за оваа фаза од подготовките вели:-Овде во Охрид покрај тренинзите одигравме и неколку натпревари, а денес завршуваме со натпревар против екипата на Охрид. Во овие натпревари сите играчи кои добија шанса добро се претставија и докажаа дека сме добро подготвени за престојната полусезона. Се надевам дека ќе почнеме добро со победи. Четврто коло одиме на Детонит и мислам дека тој натпевар ќе го одреди текот на полусезоната. Доколку останема непоразни таму, или се вратиме со три бода, се отвора нашиот пат за прва лига. Сите фудбалери се во одлична форма и се надевам дека така ќе биде до стартот, а тука ќе додадам дека и атмсферата во тимот е одлична, другарството на доста добро ниво, односно има добра хемија во екипата. Сето ова кое го кажав е предуслов за тоа дека амбициите кои ги имаме ќе бидат остварени, а тоа е Прва лига. Најискусниот во тимот на Пелистер, Борче Маневски, кој последните години стави свој печат во клубот со постигнување на одлучувачки голови, за подготовките и стартот на пролетниот дел рече:-Денес го играме последниот натпревар во оваа фаза на подготовки кои ги одработуваме во Охрид, а за досегашниот дел можам да кажам дека добро сработивме, колку што дозволуваа условите на тенините каде трениравме и игравме, кои беа во голем дел замрзнати. Првиот натпревар го игравме на вештачка трева, а со денешниот три натпревари на природна трева. Сите играчи го дадоа максимумот, и се надевам дека ја искористија минутажата и шансата која им беше дадена. Сега тренерот ќе има доволно време до стартот на првенството да одлучи во кој состав и како ќе започнеме. Мислам дека од наша страна се беше добро, добро се подготвивме, но сепак тој го има последнит збор во однос на составот и тактиката. Прво нека сите фудбалери бидат здрави и се надевам дека ќе тргнеме на стартот со победи и да стигнеме со доа прво место, или второ место кое води до првата лига.На денешниот натпревар во Охрид, односно последниот дел од оваа фаза на стадионот присутен беше и претседателот на клубот Митко Стојковски, дел од Управниот одбор, како и навивачи од Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »