По повод 4 февруари, денот кога во 1872 година, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски великани, Гоце Делчев, делегации положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење и со тоа одбележуваа 152 години од неговото раѓање.
Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба.
Во чест на денешниот ден, свежо цвеже положи делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, кој притоа рече:
-Ретки се македонските великани како Гоце Делчев. Неговите дела продолжуваат да имаат значење во современата македонска историја и култура како симбол на националниот пат кон независност и слобода. Гоце Делчев е наша ѕвезда водилка, кон жестината на истрајноста, повеќе од било кога, да го вреднуваме и почитуваме нашето Македонско, што го имаме: јазик, култура, традиција, писмо, слобода.
Цвеќе положија и претставници на Советот на општина Битола, претставници на политичките партии и нивните унии, претставници на ОО на Сојузот на борци Битола, делегации на установи кои го носат името на македонскиот великан, делегации од други држави кои што денес беа дел од Семакедонскиот собир…
Претходно и претставници на навивачката група “Чкембари“ се поклонија и положија цвеќе пред спомен куќата на Гоце Делчев.

Во Битола одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Божиен и предновогодишен концерт на Хрватскиот културен центар во Битола, гости од Вуковар (фотогалерија)
- „Нема, нема“ – нова песна на БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ, воедно и емотивна најава за големиот саботен КОНЦЕРТ
- Реконструктивни зафати и уредување на училници во ОУ “Елпида Караманди“ во Битола за подобри услови на сите
- ЈП “Паркинзи“ Битола: повторно синџир на “Рузвелтова“
- Во Битола тркалезна маса за меѓууниверзитетска соработка на универзитети – членки на УНИАДРИОН





