Press "Enter" to skip to content

Концертот “MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s“ на Камерниот оркестар од Битола низ објективот на Дамијана Ристевска (видео+фотогалерија)

Синоќа во преполната сала на Центарот за култура Битола националната установа Камерен оркестар на Битола го одржа концеетот насловен “MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s“ со што уште еднаш докажа дека секој нивни концерт предизвикува големо внимание на љубителите на музиката.Битолчани, како и во првиот концерт со оваа тематика кој се одржа есенва, ужива во магијата на златните години на музиката, но овој пат имаа прилика да слушаат концерт со изменет репертоар.Изведувачите проследени со Камерниот оркестар и поп-рок хорот “Битвокс“ уште еднаш го слушнаа незаборавните рок хитови од легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера како што се Guns N’ Roses, Queen и многу други.

За задоволството на публиката да е уште поголемо вонвременските хитови од 80-тите и 90-тите ќе бидат изведени од Dona Marina Martensson, женскиот вокал на светски познатата авангардна музичка група “Лајбах“, потоа Полина Тасева, Ана Петановска, Агни Авшар, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Мила Николовска, Огнен Димовски.

Треба да се додаде и тоа дека вчерашниот концерт беше распродаден за 3 часа, а за денес веќе е закажан и втор концер.Како што е познато, од неодамна Камерниот оркестар на Битола работи како национална установа во земјава.

Фото и видео: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »