Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за извршување казна и напад со тврд предмет, тепачка, пожар во Дихово, казни за пијани возачи

На 03.02.2024 во 14.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 48 годишник од Битола. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. 

На 03.02.2024 во 16.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 26 годишник од Битола. Тој се сомничи дека околу 07.00 часот со остар предмет го нападнал лице од Битола во неговото дворно место. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 03.02.2024 во 11.00 часот во СВР Битола било пријавено дека две лица на возраст ид 23 и 40 години, двајцата од Битола, го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.02.2024 во 04.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Дихово, битолско, настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Б.Т.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

Во текот на изминатата вечер  (03/04.02.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи од кои (9 во Битола, 9 во Прилеп, 2 во Ресен), а откриени биле и 10 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »