Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден, 4 февруари, 2024 година во период од 13-19 часот продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот при што изречени се 67 санкции за непочитување на брзината на движење.
19 мерки се изречени во Битола, 17 во Прилеп, 23 на подрачје на Ресен, како и по четири санкции на подрачје на Македонски Брод и Крушево.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.