Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска на 410. место на светската скијачка FIS листа

Ева Милевска скијачка на ски клубот Пелистер од Битола според последната FIS ранг листа се наоѓа на 410 место, што е голем успех за нашата млади скијачка која започнува кариера и во најтешката и најбрза дисциплина во скијањето, спустот.

Милевска е рангирана на оваа позиција согласно бројот на стартови кои ги има во сезоната 2023/24 година, вкупно 24, во три дисциплини и 16 извозени трки.Според планот на италинаските ски тренери под чие менторство Милевска тренира и се натреварува, таа треба оваа година да се појави на 40 трки оваа година, а тоа ќе значи и подобрување на пласманот на FIS ранг листа.

Да потсетиме дека Ева Милевска настапуваше на патеките во Сестриере, Биелмонте, Пасо Сан Пелегрино и Кортина Дампецои на овие спуст трки го забележа и најдобриот нејзин резултат и државен рекорд во најбрзата дисциплина, во спуст.

More from ВестиMore posts in Вести »