Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност

Општина Битола објави Јавен повик за искористување на средства за адаптација, изградба или поставување на инфраструктура и опрема за  пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост, односно инфраструктура и опрема за пристапност, мобилност и функционалност, опфаќа адаптација на веќе постоечки или изградба на нови пристапни рампи, или набавка и монтажа на фиксни или преносни пристапни рампи (опрема), платформи и лифтови, направи за искачување на скали со инвалидски колички, во домот на лицата со попреченост, со цел надминување на висински растојанија или други физички препреки или бариери до и во домот, адаптација на делови од домот во физичкиот простор (прилагодување на тоалет, промена на врати со соодветна ширина за инвалидска количка, правење на пристапни патеки и тн.), како и набавка на опрема која e наменета за користење од страна на лица со попреченост која ќе ја олесни мобилноста и/ или функционалноста на лицата со попреченост во и надвор од нивниот дом.

Искористувањето на средствата е согласно Правилник за искористување на средства од програма за социјална заштита на Општина Битола за 2024 година во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот на лицата.

Потребната документација и условите за пријавување може да се најдат во самиот правилник, објавен на линкот, или да се подигнат од Општина Битола Бул. „1-ви Мај“ бр.61 на шалтер број 1. Периодот на пријавување е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата.  

https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-adaptacija/

More from ВестиMore posts in Вести »