Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: НЕ за другите, но ДА за себе

Обрнете внимание на секој во вашиот живот кој користи прекумерно ласкање за да ве убеди да завршите некоја задача. Тоа би можело да се маскира како комплимент, кога тоа е навистина начин да се предаде нешто што самите не сакаат да го направат.

Размисли дали си изманипулиран. Тоа може да се случува на работа, но и во секојдневните односи со другите. Манипулаторите може да ви кажат:

-Би сакал да го преземам тој проект, но вие сте многу подобри во оваа тематика од мене. Ќе завршиш многу подобра работа“.

-Ако сте личност која удоволува ќе бидете во искушение да кажете „можеби“ или „не знам“ за некоја покана дури и да не сте заинтересирани за истата.

-Можеби се грижите дека другата личност ќе се разочара од вас, а како резултат на тоа, можеби ќе се обидете да ја исполните оваа потреба за да се чувствувате како добра личност по секоја цена.“

-Можеби мислите дека ќе станете помалку популарни ако почнете почесто да велите не, или дека ќе предизвикате конфликт.

Овие се само некои од ситуациите кога е Потребно  да знаеме кога да кажеме НЕ кон другите за да се заштитиме себеси.

Има многу причини зошто на некои личности им е тешко да изговорат НЕ. Обично им се случува да не можат да ги одбијат членови на семејство/пријатели/ или колеги од работа. Без оглед што тие им побараат. Тука се јавува проблем на поставување на „граници“. Иако барањата и желбите на значајни луѓе ги преминуваат можностите на оној од кој се бара исполнување.

Луѓето кои постојано ги исполнуваат туѓите желби со време се чувствуваат, исцрпено, напнато, непријатно, искористено. Но често и не се свесни зошто така се чувствуваат.Да се каже НЕ е начин на кој се дефинираат нашите граници и да ги направиме видливи за другите.

-Сепак, за да кажеме НЕ треба да бидеме во контакт со сопствените потреби и да преземеме одговорност за нашиот внатрешен свет.

Затоа Идентификувајте  ги вашите приоритети и поставете граници Охрабрете се. Нема да го превртите вашето „сценарио“ целосно преку ноќ, но со поединечни промени, можете си помогнете околу вашето ментално здравје.

Препораки

Кажувајте НЕ без чувство на вина и Кажете си на себе

-„Дозволено ми е да кажам НЕ“

-„НЕ е завршена реченица“

-„НЕ за нив ДА за мене“.

-„Не мора да им објаснувам за себе на никој„

-„Јас сум  господар на моето време и енергија“. 

Започнете со малку по малку

Можеби ќе ви биде од корист да играте улоги со пријател, член од семејството или терапевт. Нека ве прашуваат прашања за да одоборите со НЕ.

Глумете со различен тон, фрази и говор на јазикот.

Кажувајте НЕ со убедливост.

Уверете го вашето внатрешно дете колку добро ви оди со овој процес на промена.

За некои личности, удоволувањето е начин на избегнат интензивни чувства на непријатност, одбивање, осуда, напуштање или чувство на помалку перфекни. Но кога ќе станете свесни за овие чувства тие ќе имаат многу помалку сила преку овие акции:

-Не се извинувајте често, не сте криви за чувствата на другите.

-Научете да кажувате „не“ така што ќе почнете да го одложувате „да“ кога сте во ситуација некој да бара да направите нешто од вас.Побарајте време

-Дозволете ми да размислам и да се вратам за тоа (предлог…)

-Го немам мојот календар со мене, па дозволете ми да проверам кога ќе се вратам дома.

-Треба да проверам со мојот партнер, не сум сигурен дали имаме некакви планови тој викенд

-Справете се со вашата непријатност.

-Направете лимит на вашето време

-Кога разговарате тогаш кажете и на личноста која бара нешто од вас,дека немате време за  долг разговор.

Кажете си на себе

-Мојот глас е важен.

-Јас сум сакан затоа што „сум“, а не кога „правам“.

-Совладувањето на луѓето е напорна работа.

-Најдете време да ги прославите вашите мали „победи“.

-Потсетеувајте се дека не можете да му бидете се на сите

Немојте да се изненадите ако вашите односи почнат да се менуваат и некои врски се откажат.

На почетокот ќе биде страшно да ги искажете вашите вистински чувства затоа што сте навикнати да се грижите за другите луѓе и нивните чувства. Сепак, оние што ве сакаат и поддржуваат ќе ги поздрават вашите напори да живеете автентичен живот. Оние личности во вашиот живот, кои стануваат лути веројатно имаат корист од вашиот начин на живот што им одговара и се чувствуваат загрозени од вашата новопронајдена слобода да кажете НЕ.

Запомнете

Без оглед што правиш, колку да е добро,од некого ќе добиете неодобрување. Не можете да ги освоите сите. На крајот на денот, постои едно мислење за вас што е поважно од другите, а тоа е СОПСТВЕНОТО.