Press "Enter" to skip to content

Гимназијата ја продолжува долгогодишната плодна соработка со Француската Алијанса во Битола

Директорката на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола – Лидија Споа и директорката на Француската алијанса – Каролина Потел Златевска, потпишаа нов договор за соработка.
 
Во рамките на меѓусебната соработка, Гимназијата и Француската Алиjанса во Битола, успешно реализираат бројни ученички размени во Франција, летни едукативни кампови, културни и едукативни активности за учениците кои го изучуваат францускиот јазик, организираат обуки за професорите вклучени во француската билингвална паралелка во Гимназијата итн.
More from ВестиMore posts in Вести »