Press "Enter" to skip to content

Распродадени влезниците, за два дена, или на четири дена пред дербито Еурофарм Пелистер – Вардар во Битола

Според она што се случуваше во Битола деновиве и според најпоставуваното познатото прашање на битолчани “дали имаш карта за сабота“, а тоа се подразбира дека се работи за вечното ракометно македонско дерби, Еурофарм Пелистер – Вардар, очекувано е дека на четири дена да се распродадат влезниците.

Салата „Боро Чурлевски“ во Битола во сабота, на 10 февруари 2024,  ќе “гори“, а публиката ќе даде голем придонес за победа на “пелистерци“ на отворањето на пролетниот дел на ракометната сезона и првата сериозна битка во борбата за титула, објави клубот од Битола.

Билетите беа пуштени во продажба вчера и се продадоа за два дена, по цени од 200 и 250 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »