Press "Enter" to skip to content

Сојузот на спортови со видео го најави изборот на најдобри спортисти за 2023, пријави до утре (видео)

Врз основа на Одлуката на  Управниот одбор, Општинскиот Сојуз на спортови на Битола ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Општинскиот Сојуз дека ќе се одржи традиционалното свечено прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола, кој ќе се одржи на 20 февруари, во Нар0дниот театар Битола.

Општинскиот Сојуз на спортови ќе избере за 2023 година, и тоа:

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција,

-10 најдобри млади спортисти до 18 години,

-3 најуспешни екипи во сениорска и

-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција, –

-најуспешен спортист од ССРИ-Битола.

Изборот се врши врз основа на предлозите на членките на Сојузот на спортови, а рангирањето  се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Општинскиот Сојуз на спортови.

Напомена: предлозите (со потребните прилози дипломи, билтени сл.) ДА СЕ ДОСТАВУВААТ најдоцна до 7 февруари 2024 година на портирница – “Булевар 1 ви мај“ бб (зграда на поранешен Извршен совет, Булевар 1-Мај бр. 200.)

САМО ПРЕДЛОГОТ (без прилози) да се достави и по електронски пат на маил: bitolasport@gmail.com

More from ВестиMore posts in Вести »