Press "Enter" to skip to content

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица

На 06.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 46 годишна жена од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени. 
 
На ул. “Дебарска“ во Битола, полициски службеници лишиле од слобода и 33 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од прво првопиведената.
 
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
More from ВестиMore posts in Вести »