Press "Enter" to skip to content

Стојанка Ќупчева е новиот Студентски правобранител на УКЛО – Битола

Заштита и подобрување на студентските права и на образовниот процес во целина, се дел од приоритетите на кои ќе се посвети новиот Студентски правобранител на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, е Стојанка Ќупчева.

Стојанка Ќупчева  е редовен студент на Педагошкиот факултет – Битола и нејзинот избор е потврден со Одлука на 219 седница на Универзитетскиот сенат, на предлог на Универзитетското студентско собрание, со мандат од две години.

Инаку, на изборот за Студентски правобранител на УКЛО му претходеше постапка којашто е реализирана во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на УКЛО.

Студентскиот правобранител има мандат од две години. Според ЗВО, Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредно право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

Студентскиот правобранител на УКЛО ќе работи во просториите на КРЕДО Центарот.

More from ВестиMore posts in Вести »