Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер без победа во Прилеп, само реми со Победа

Победа – Пелистер 0:0

Фубдалерите на Пелистер од Битола во денешниот контролен натпревар кој го одиграа во Прилеп, игра нерешено, без голови. 

Ова е петти по ред натпревар на екипата на Пелистер кој го одиграа во втората фаза од подготовките кои ги имаше во Битола и Охрид. Игра против екипите на Карарман, Подградец, Силекс, Охрид и денес против Победа.

Во досегашните натпревари во подготовките го победија Караорман и Подградец, поразени се од Силекс и Охрид и имаат реми со Победа.

На “пелистерци“ според календарот кој го имаат објавено за пријателски натпревари утре ќе играат против Новаци, и им останува уште натпреварот против екипата на Вардар Неготино.

More from ВестиMore posts in Вести »