Press "Enter" to skip to content

Јован Дојчиновски, сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: кризата со пелети е минато, се враќаме на цена од 220 денари по вреќа (фото)

Еден од поголемите увозници на пелети за греење во Битола е компанијата “АБЦ Дојчиновски“, а некаде во втората половина од грејната сезона разговаравме со сопственикот Јован Дојчиновски, за тоа тековното снадбување со пелети, за продажбата на камини и котли за парно, греење, за идните планови и секако за она што најповеќе ги интересира потрошувачите за цените на пелетите, сега и за идната сезона.“АБЦ Дојчиновски“ е компанија која во ниту еден ден не ги остави своите муштерии без пелети и за време на ланската голема криза. За тоа како изминува оваа грејна сезона и како тие ја поминаа, Јован Дојчиновски вели:-Ова беше малку поинаква грејна сезона од претходните, а тоа можам да го кажам во споредба со изминатите 15 сезона, откако се занимаваме со продажба на пелети. Измината година, во средината на месец мај Владата излезе со информација дека ДДВ-то од 5 отсто од продажбата на пелетите ќе го зголеми на 18 проценти. Претпоставуваме дека имале дупка во буџетот, па сакале на овој начин на приберат повеќе средства. На ова реагираше нашето здружение, на увозници и производители на пелети, и побаравме прием од сите политички партии во Парламентот. Прво имавме средба со опозицијата на кои има ги кажавме нашите аргументи, а тие ни рекоа дека ќе се заложат и ќе направат се да остане 5 проценти ДДВ, на кои им посочивме дека граѓаните претходно се добиваа субвенции од државата за пелети и печки, а сега обратно, ќе се зголемеше ДДВ-то и со тоа и цените. Потоа и партиите од позицијата се изјаснија дека ќе дадат таков амандман, и така помина без поскапувања. Но, во тој период во траење од еден месец потрошувачите, уплашени да не платат повеќе по тон или вреќа, ги набавија, односно ги платија пелетите. Можам да кажам дека во тој период го направивме најголемиот промет, а сега се продава многу помалку.За тоа што им понудиле тогаш, а и сега за време на целата овогодишна сезона Јован вели:

-Ние секогаш нудиме голем избор, имаме од прилика помеѓу осум и десет типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1 и никогаш не сме дозволиле нашите муштерии да останат без пелети. Секако морам да напоменам и дека им нудиме и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. Се трудиме нашата цена да биде прифатлива, да биде не скапа во споредба со дел од нашата конкуренција која нуди пелети без сертификати и нуди пелети со сомнителен квалитет. Нашата цена е согласно квалитетот кој го имаат пелетите и секогаш ги задоволува барањата на нашите муштерии да добијат ниска цена или адекватна цена наквалитетот кој што ние го нудиме.За тоа дали имаше промена на начинот на грење на домовите и работните простории поради кризата со набавување и високите цени на пелетите, кои ги имавме изминатата грејна сезона, кога една вреќа од 15 килогами достигна цена и повисока од 500 денари, Јован Дојчиновски вели:

-Мислам дека одреден број на наши муштерии се преориентираа на други грејни тела. Пред се грееја со клима уреди, но колки климите ги задоволуваа нивните потреби во текот на зимата е друга работа, но за среќа овие изминати години имаме благи зими со исклучок на некој краток период од годината. Некои од нашите муштерии инсталираа топлински пумпи, но верувам дека сега со овие цени, греењето со пелети е или поповолно или еднакво по цените со греењето со дрва. Според она што ни го кажуваат нашите муштерии некои од оние кои се откажаа од овој вид на греење, ќе се вратат на пелетите.Кога ги споменавме цените, за тоа какви цени, очекува Јован Дојчиновски, за идната грејна сезона вели:

-Она што ние како увозници на пелети во периодот на април и мај оваа година можеме да кажеме дека овие цени, кои се сега важечки да ги намалиме за отприлика 20 проценти. Ова го зборувам оправдано, по првичните разговори со нашите партнери во земјите околу нас, пред се во Србија, Турција, Грција и секако во Македонија. Сите со кои преговараме се сериозни компании, кои нудат добар квалитет и кој што заради разни причини, да не навлегуваме во нив, но имаат поголема количина на пелети на лагер. Залихите кои ги имаат (лагетите) ни кажуваат дека и тие размислуваат да ја намалат цената за и тие да се ослободат од количините кои ги имаат на залиха, а преку нас да го понудат на нашите купувачи, кои ќе добијат поефтини и подобри пелети. Јас според она што разговарав, до сега и она што не очекува како преговори за брзо, потврдувам дека ќе имаме пелети најефтини од цена од 220 денари за вреќа од 15 килограми, можеби и малку поефтини, до максимум до 250-260 денари. Тука мора да кажам дека не можеме пелетите ги изедначиме со една цена, исто како што нема исти цени на други исти производи. Имаме добувач од Грција кој призведува извонредни пелети, и сите кои што почнале да ги користат тие пелети никогаш не ги промениле, без разлика која била цената, иако се малку поскапи. Ќе повторам дека за идната сезона ќе понудиме стандардни пелети, со добар квалитет, по цена од околу 220 денари по вреќа од 15 килограми.Компанија “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите има и друга програма секако поврзана со греењето, за што Дојчиновски додава:

-Во нашата компанија, покрај пелетите од секогаш продаваме и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. Можам да кажам дека половина од прометот го правиме од продажба на пелети, а половина од продажба на средсвата за греење.

С.Ристевски