Кошаркарската федерација денес го објави распоредот според кој ќе се играат натпреварите на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2024“, кои ќе се играат во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, а технички организатор е екипата на Пелистер.
Организаторот на купот екипата на Пелистер од Битола го искористи правото да бира термин па мечот со Феникс ќе го играат последни во денот, во 19:30 часот.
Распоред за одигрување на четвртфиналните натпревари на 15 февруари:
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (почеток 12 часот)
Еуро Никел – Чаир (14:30 часот)
Работнички – ТФТ Моцарт (17 часот)
Во петок на 16 февруари се двете полуфиналиња, а ден подоцна (17 февруари) ќе се одигра финалниот натпревар.