На самиот старт на натпреварувачката сезона тимот на нашиот сограѓанин Ристо Чуринов, од Битола кој живее и работи на Блискиот исток, имаше одличен настап на маратонот “Al Mouj Muscat Marathon“ кој се одржа во Султанатот Оман, а тој истрча три трки на еден евент.Како ни јави Чуринов, тој првиот маратонец кој го направил тоа. Чуринов истрча три трки. Првата на 21 километар со време 1:38:45, потоа по промената на BIB бројот истрча 10 километри, а наредниот дел, тој заедно со неговиот тим RISTO MMA&FITNESS, истрча и трка на пет километри.Во тимот на Чуринов беше и неговиот син кој на 12 години истрча 5 километри.-Горд сум на себе, на мојот син и секако на мојот тим. Одлично се претставивме, а сега сме побогати со многу медали. Како реков на почетокот сега сме на почетокот на оваа натпреварувачка сезона и се надевам дека ќе имам јас и мојот тим уште многи трки. Ме очекуваат и многу тешки трки за кои сум подготвен и се надевам на успеси, ни рече Чуринов на вибер комунинација.Чуринов во Оман е сопственик на првата македонска фирма во Оман, работи како фитнес тренер, настапува професионално во боречки вештини, а учествува на маратон и ултра маратон, а настапи и на ултра маратонот на Пелистер минатата година.
Ристо Чуринов со успешен на стартот на сезоната во Оман, на еден евент истрча три маратонски трки (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме