Денес, четврток, 8 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 18 степени.
Утре, петок, 9 февруари, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 16 степени.