Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола е во 1/4 финалето од купот на Македонија (фотогалерија)

 Пелистер Волеј – Вардар Жени 2019 3:0

(25:12; 25:09; 25:11)

Синоќа пред публика која ја наполни спортската сала во Медицинското училиште во Битола одбојкарките на Пелистее Волеј со максимални 3:0 ја совладаа екипата на Вардар Жени од Скопје и се пласираа во 1/4 финалната рунда меѓу најдобрите 8 екипи од вкупно 18 во ова натпреварување.Со оваа победа, Пелистер е единствената второлигашка екипа која се најде во продолжението на купот.Дури десет одбојкарки се запишаа на листата на поентери, а поените ги освоија Ивана Белокозовска 11, Лиле Лозановска 10, Билјана Јаковлевска 6, Теона Славкова 5, Стефани Најдановска 4, Мила Андоновска 4, Анастасија Ристевска 3, Меланија Каралиоска 3, Евгенија Јовчева 2 и Марија Ристеска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »