Press "Enter" to skip to content

Полски “џин“ во Битола, потпиша за Еурофарм Пелистер, ќе игра на позиција кружен напаѓач

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека нов член на клубот е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски.

Пиеховски е повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

28-годишниот Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ. 210-сантиметри високиот Пиеховски играч за полската национална репрезентација и на големи натпреварувања, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пиеховски потпиша договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.

More from ВестиMore posts in Вести »