Press "Enter" to skip to content

Бранко Ангелевски, тренер на Еурофарм Пелистер од Битола: ако се подготвуваме за ПСЖ и со мислите сме кон ПСЖ, лесно ќе го победиме Вардар

-Се уште не знам што ќе им кажам на ракометарите денес и утре, на публиката да му понудиме одличен натпревар, натпревар на ранг на Лига на шампиони, затоа што натпреварите помеѓу Пелистер и Вардар се историски.

На еден ден пред стартот на пролетниот дел од оваа ракометна сезона и пред одигрувањето во Битола на вечното ракометно дерби разговаравме со тренерот на Еурофарм Пелистер за подготовките, за стартот на пролетниот дел, за тимот, за Вардар, за ПСЖ, за разврската на борбата за титула…, но да започнеме по ред.Како поминаа подготовките во паузата со оглед на тоа дека голем дел од нив ги поминавте без репрезентативците?

-Дел од ракометарите беа на Европско првенство, Калифа беше на Афричко, ние практично бевме десеткована екипа без единаесет репрезентативци и, нормално беше тешко да се работи со седум-осум ракометари на тренинг. Но, така е кога имате поголем број на репрезентативци, а практично само последните десет дена ги искористивме да работиме комплетни. Според она како работевме очекувам добра игра, но, првенствено не заради тоа што сме во посакувана форма и воиграност. Секој “си донесе“ своја форма од репрезентација и ни треба време да се вратиме на она што го имавме во последните две-три недели од минатата година кога игравме во Лига на шампиони. Очекувам добра игра поради атмосферата во соблекувалната, на клупата и во салата, која сигурен сум ќе биде на најврно ниво и таа атмосфера ќе не носи, ќе ни биде нашиот осми, па и деветти играч.

Еурофарм Пелистер се раздели со четири ракометари, се засили со двајца, претходно со Кузмановски, како го гледата тимот, ослабен или засилен?

-Далеку сме од тоа дека сме ослабен тим. Отпуштивме некои ракометари кои не го даваа својот максимум за тоа што беа платени. Имаа скапи договори, но имаа слаб учинок. Малку е проблем кога ќе имате ситуација да имаш незадоволен играч на клупа или на терен со добри месечните примања, кои се далеку поголеми во однос на тие што даваат максимум и играат. Во таа ситуација направивме рокада. Ги испуштивме Стевановиќ, Вилсон  и Нилсен кои не дадоа максимум како беа очекувањата. Тука ќе го споменам и Кисум кој замина поради семејни проблеми, кој со мислите беше повеќе дома отколку тука. Со доаѓањето на Манасков добивме на место каде што бевме многу ранливи во големите натпревари, а на таа позиција останавме со еден играч. На десно крило по повредата на Кузмановски беше само Петар Атанасијевиќ и бевме приморани да играме со “пивот“ на лево крило, односно да комбинираме. За Кузмановски доволно имаме кажано, а останува на терен да го видиме и најновото засилување.

За натреварот со Вардар и една од битките за годинашната титула, какви се вашите согледувања и очекувања?

-Се подготвуваме стандардно и немам некоја посебна тактика. Само би рекол дека добро би било да се подготвуваме за ПСЖ, за тој нивни квалитет, а ако е така, тогаш сигурно би го победиле Вардар. Би сакал така да размислуваме, на повисоко ниво, бидејќи тоа е Лига на Шампион, друго ниво. Ако на сите натпревари го имавме пристапот како што го имавме во ЛШ, ние не треба во ниту еден натпревар да разлислуваме за ништо друго, освен победа, во македонско првенство. Ние натпреварите во ЛШ, посебно дома, ги одлучивме “на една топка“ и со ПИК Сегед, и со Загреб и со Киелце, одлучуваа моменти. Во две гостински натпревари имавме добри моменти на игра. Ова не значи дека барам алиби за поразите, но сакам да бидам реален, тоа се екипи кои се правени со години, и пак ќе повторам имавме добри периоди на игра. Ние имаме проблем што доста менуваме, вели Ангеловски.

Дали има подготвено посебно обраќање кон ракометарите на стартот Ангеловски додаде:

-Се уште не знам што ќе им кажам на ракометарите денес и утре, но можам да публиката да му понудам одличен натпревар, натпревар на ранг на Лига на шампиони. Ова го велам затоа што натпреварите помеѓу Пелистер и Вардар се историски без разлика каде се играат, без разлика дали се во Битола или Скопје. Не можеме кога играат двата тима противникот ниту да го потценуваме, ниту да го преценуваме. Самото доаѓање на Пелистер во Скопје или обратно носи нешто ново, а секој натпревар си има своја тежина.За размислувањат за тоа како ќе “течи разврската за тутула, Ангеловски вели:

-Мене ми зборуваат дека Вардар бил во криза, но каква криза кога Вардар има три бода, а ние два. Во оваа ситуација, мислам за утешното дерби, ние сме фаворити бидејќи играме во Битола, во наша сала, бодрени од своја публика. Но, времето ќе покаже, ниту првенството ќе се реши утре, ниту сакам да размислуваме дека некоја трета екипа е послаба од двете екипи. Ова првенство е најтешко првенство за да се биде шампион. Три екипи се борат за титула, а двата конкуренти доаѓаат од Скопје. Друга ситуација е што тргаме со бод помалку и трета во плеј-офот ја немаме “двојката“. Кога ги споменував нив мораме да се потсетиме дека “двојката“ го победи Вардар и на првата екипи му даде шанда да не изгуби дома. Сето ова е огромна предност  за конкурентите, но мислам дека со добар тренинг и многу залагање можеме да дојдеме до титула.

На крај од разговорот тренерот на Еурофарм Пелистер, сепак се  врати на пораката до публиката:

-Вардар ни е увертира за Париз, и знам дека салата со Париз ќе биде исполнета до последно место. Но, сакам битолчани да дојдат заради нас, да не гледаат нас и да не бодрат нас, а не да дојдат за да го видат Пранди, Карабатиќ и останатите од Европскиот првак Франција.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »