Во работна посета на ЈП “Стрежево“ – Битола денес беа раководствата на ЈП ХС “Злетовица”, и на Јавното претпријатие за водостопанство “Лисиче”-Велес. Гостите го посетија компјутерскиот центар во Управната зграда на претпријатието, командната зграда на браната, хидротехничките и придружни објекти на браната, хидроцентралите, како и неодамна изградената фотоволтаична централа.
Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу трите институции со водостопанска дејност. На средбата покрај потенцираната одлична соработка, стана збор за состојбите во македонското водостопанство, обезбедувањето на економично стопанисување, користење, функционирање и одржување на хидросистемите, како и за подобрување на условите за поуспешно работење на носителите на водостопанската дејност и користење на нашите услуги од страна на корисниците на вода.
Исто така беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу трите институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка, а првенствено црпејќи го искуството на Стрежево како најсовремен систем од ваков вид во државата и регионот.
-Достапноста до доволно количество квалитетна вода, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и за производство на храна, за потребите на земјоделството, индустријата и хидроенергетските потреби се акцентирани како клучни теми на работниот состанок. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со Злетовица и Лисиче, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен, изјави по средбата директорот на претпријатието Методија Граматковски.

Раководствата на хидро-системите “Злетовица“ и “Лисиче“ во работна посета на “Стрежево“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физичка пресетка во битолскиот затвор
- ОЈО Битола: Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, извлечени вкупно над 60.000 евра, апел до граѓаните да не наседнуваат
- “Револуцијата на една хероина“ – силни пораки од младите од Битола на ораторски натпревар за 8 Март (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 12 степени
- Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)





