Press "Enter" to skip to content

Со панихида за Ростковски и полагање на цвеќа на Рускиот крст во Градскиот парк одбележан Денот на руската дипломатија (фотогалерија)

Денес на споменикот Руски крст кој се наоѓа во Градскиот парк во Битола беше одбележан Денот на Руската дипломарија, а на одбележувањето присуствуваше амбасадор на Руската Федерација НЕ Сергеј Александровиќ Баздникин и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски. На Рускиот крст кои се поклонија и дугите присутни на споменот на Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола, кој во 1903 година беше убиен токму на ова место.Одбележувањето на Денот на руската дипломатија започна со панихида за Александар Аркадиевич Ростковски, со која чиночалствуваше Владиката Николај Велички. Свое обраѓање имаше и амбасадор на Руската Федерација Сегеј Александровиќ Баздникин  кој прво им се заблагодари на Владиката е свештениците за панидидата и рече:10 февруари – Денот на руската дипломатија го симболизира нераскинливата врска помеѓу минатото и сегашноста на руската дипломатска служба, за чии службеници љубовта кон Татковината, грижата за нејзината благосостојба и иднина, лојалноста кон должноста и несебичното служење на Родината, без претерување, се апсорбираат со мајчиното млеко и се дел од генетскиот код. На овој ден се сеќаваме на оние кои го отдадоа најскапоценото  живот, несебично исполнувајќи ја својата службена должност. Безусловниот пример за нас е Александар Ростковски – рускиот императорски конзул во Битола, чие убиство во 1903 година предизвика општо вознемирување. Добро познато е дека рускиот дипломат го поддржувал христијанското население на Македонија во борбата за слобода. Неговите активности придонесоа за развој на македонскиот национален идентитет. Јасна потврда дека личноста на Александар Ростковски и резултатите од неговото дело остануваат во меморијата на македонскиот народ е „Рускиот крст“ подигнат во негова чест на иницијатива на битолчани.  Искрено ми е драго што ве гледам сите денес кај „Рускиот крст“. Ви посакувам на вас и на сите македонски граѓани успеси во спроведувањето на планови кои одговараат на вашите интереси и се најдобро.Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно – по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски.Потоа делегациите положија цвеќе на споменикот Руски крст во Битола, а имаше претставници на Советот на Општина Битола, градоначалниците на Новаци и Могила, членови на здружението за македонско  – руско пријателство, компанијата “Лук Оил“, почесниор конзул на БиХ и други.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »