Press "Enter" to skip to content

ТППЕ Битола: за три дена повеќе интервенции, гаснеле запалена трева, стрништа, губре, плац за отпад

Територијалната против пожарнае единица од Битола информира за интервенции на неколки локации во изминатите три дена. На 7 фебруари, интервенирале по примена дојава за пожар 14:50 село Лопатица запалена трева. ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило 3 пожарникари.Вчера,  8 февруари, ТППЕ Битола интервенираше во неколку наврати на запалена трева, стрништа и ѓубре и тоа:

-12:15 часот во атарот на село Драгожани, со едно возило и двајца пожарникари

– 13:10 часот во село Лавци, со едно возило и двајца пожарникари

– 13:55 часот во атарот на село Олевени, со едно возило и двајца пожарникари

– 14:40 часот во атарот на село Оптичари, со едно возило и двајца пожарникари

– 15:20 часот во атарот на село Паралово, со едно возило и двајца пожарникари

-15:40 часот во село Ротино, со едно возило и двајца пожарникари.И денес, 9 февруари, имале интервенција по примена дојава за пожар 14:00 плац за отпад во Горно Оризари. ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило 5 пожарникари. Брзата интервенција спречи пожарот да се прошири и да го зафати целиот објект.ТППЕ Битола апелира ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТА, МЕЃИ И ЃУБРИЊА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР, за што постојат законски казнени и кривични одредби.

More from ВестиMore posts in Вести »