Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Битола доби нов старски дом, кој целосно беше реконструиран

Во Битола пред 10 години беше пуштен во употреба новиот старски дом “Сју Рајдер“, кој целосно беше реконструиран, а старо-новит старски дом, располага со две илјади квадратни
метри корисна површина во  два блока и со капацитет од 150 легла, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Еден од блоковите е наменет за корисниците кои се неподвижни, а во другиот дел се сместени старите лица кои можат да се движат, со вкипно 70 соби опремени со бањи и системи на уреди за полесен живот, четири простории за персоналот, заедничка кујна, две трпезарии, две занимални и други помошни простории.Новиот старски дом “Сју Рајдер“ беше изграден со средства од Владата на Република
Македонија, локалната самоуправа како и со средства од ИПА фондовите, кои во вкупната инвестиција, која чинеше над 850.000 евра учествуваа со околу 650.000 евра.

Со реконструкцијата на Домот покрај тоа што се зголеми капацитетот на легла од 90 на 150, корисниците на Домот се стекнаа со европски услови за сместување, а имаат и 24 часовна нега.

More from ВестиMore posts in Вести »