Денес, вторник, 13 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, среда, 14 февруари, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.