Press "Enter" to skip to content

Бранислав Ангелевски: во храмот на ракометот, вечерва празник на ракометот, гостува ПСЖ во Битола

Денес во Битола, во 18,45 часот се игра натпреварот од Лигата шампиони, а гостува ракометниот гигант ПСЖ.  Бранислав Ангеловски, тренерот на Еурофарм Пелистер смета дека вечерва во храмот на ракометот, ќе биде празник на ракометот и вели:

-Вечер треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг. Доаѓаат по успесите на Европското првенство. Пристигнува Никола Карабатиќ во последната играчка сезона и посебно ми е драго за тоа.  Лигата на шампионите е секоја година се појака, но ПСЖ е сигурно е еден од фаворитите. Имаат одлична екипа, играат брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар. Имаат играчи од светска класа на сите позиции и ќе ми биде задоволство да се натпреваруваме со такви величини на играчи и тренери“, смета Ангеловски.

Тренерот на битолчани верува дека по победата на Вардар 1961, францускиот гигант доаѓа во вистински момент.

-Имавме тежок распоред, во три дена играме два битни натпревари. Секој натпревар против Вардар е тежок и има своја историја. Веднаш по Европското првенство, за десетина дена не е лесно да се подготвиш. Употребувавме некои работи кои ќе ги користиме и против ПСЖ. Се обидовме да спремиме тактика за двата натпревари. Победата против Вардар многу ни значи и затоа ПСЖ ни доаѓа во вистински момент. Со помош на исполнетата сала и навивачите, ќе имаме „ветер во грб“, и верувам дека ќе ги повториме игрите од последните натпревари во Лигата на шампионите.

More from ВестиMore posts in Вести »