Press "Enter" to skip to content

“Ова е Битола…“ спортска култура, спомен-подароци за ѕвездите на ПСЖ, одлична атмосфера… (фотогалерија)

“Ова е Битола !“пишуваше вечерва на еден скромен транспарент на трибините во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а тоа е слоган кој на секој натревар го скандираат навивачите.А дека е така докажаа битолчани. Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски на тројца европски шампиони,Никола Карабатиќ, Лука Карабатиќ и Елохим Пранди членови на ПСЖ им додели спомен-подароци, мали мозаици од Хераклеја Линкестис.Потоа следуваше голем аплауза упатен кон нив, а секако и кон целиот им предводен од “нашиот“ Раул.

А дека ѕвездите на ПСЖ беа добредојдени во Битола говори и фактот што по завршувањето на натпреварот, на службениот влез имаше стотици млади битолчани кои сакаа да имаа селфи фотографија со нив.И големите ракометни ѕвезди Пранди и Карабатиќ беше изненаден кога виде колку мина го чекаат да се фотографираат со него.Пранди само извика “О мој Господе“ и продолжи да се фотографира со нив.Но да бидеме искрени и на големите ракометни ѕвезди од Франција уживаа во славата во Битола, а тоа го покажаа уште пред почетокот на натпреварот, кога им ги земаа мобилните телефони и самите “правеа“ фотографии со навивачите на трибините.Но, не беше се во знак на французите.Битолската публика направи одлична атмосфера им помогна на нашите ракометари кои играа против големиот ракометен гигант.А, како беше на трибите во спортската сала низ фотогалеријата во прилог.

More from ВестиMore posts in Вести »