Press "Enter" to skip to content

ПСЖ пресилен за Еурофарм Пелистер, пораз на “пелистерци“ во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – ПСЖ 25:31 (9:15)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, во Битола, пред својата публика доживеа  пораз од ПСЖ во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите со резултат 31:25. “Пелистерци“ немаа сили за изненадување против моќниот ривал, кој одигра квалитетно во Битола во групата “А“.Пари Сен Жермен, предводен од Раул Гонзалез со најсилен состав допатува за Битола, а тука без Карабатиќ, Пранди, Стајнс, Холм, Паличка… Манасков го имаше своето деби во зелено-белиот дрес, но не и полскиот кружен напаѓач Пиеховски, како ниту Руди Сери. “Пелистерци“ започнаа со промашувања, а ПСЖ казни со резултат 1:5. По две полу-контри Еурофарм Пелистер намали на 3:5, но парижани, продолжија со добра реализација и нова серија 0:3. ПСЖ со лесни голови ја одржуваше сигурната предност и го  остави домаќинот на само девет постигнати гола на полувреме (9:15).Пелистерци во вториот дел и по одбраните на Гедбан за само осум минути, не неправија ништо повеќе, а ПСЖ се искачи на +8 (14:22). Шанса за настап добија и Танкоски, Костески и Петровиќ, а промени правеше и Раул. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со 19:26 за ПСЖ, а младиот Емилијан Ѓоргоски со два врзани гола намали на -6, а како ии конечните (25:31).Во таборот на Пелистер по три гола постигнаа Пешевски, Борзаш, Манасков, Ѓорговски и Радивојевиќ. 

More from ВестиMore posts in Вести »