Претседателот на Република Србија, Алекандар Вучиќ, денес по повод денот на државноста – “Сретење“ кој се прославува на 15 и 16 февруари, ќе додели ордени на заслужни поединци, а ќе бидат наградени дипломати, книжевници, новинари, глумцим пеачи, спортисти…
Меѓу стотината наградени со орденот “Сретење“ се наоѓа и битолчанецот Силјан Мицевски од Битола, поранешен почесен конзул на Република Србија во Македонија.
Свеченото доделување ќе биде во зградата на претседателството, која се наоѓа во Белград.
Празникот Сретење е воспоставен во чест на денот кога е кренато Првото српско востание во 1804 година, како знак на Првата српска револуција, а овој ден е познат и како ден на Уставноста на Србија, кога е потврден првиот српски устав во Крагујевац во 1835 година.

За Силјан Мицевки, постхумно, Сретенски орден на Република Србија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола





