Press "Enter" to skip to content

По кошот примен на 2.7 секунди до крајот Пелистер ја загуби титулата во Купот во Битола, пехарот останува кај МЗТ ( фотогалерија)

Пелистер – МЗТ 60:62

-МЗТ Скопје Аеродром во драматична завршница го совлада Пелистер со резултат (62:60) и го одбрани пехарот во националниот Куп.Големото финале на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, донесе доста неизвесни 40.минути, маскимална борба  и драматична завршница.  Повеќе нерви имаа кошаркарите на МЗТ Скопје, со кошот на Ворку на 2.7 секунди пред крајот, го освоија 12. трофеј.На стартот на финалето МЗТ поведе со 5:11, а потоа и 7:13. По лошата ефикасност и првата четвртина заврши со 9:13. Тешко се постигнуваа поени финалистите и на почетокто на вториот период.

Пелистер имаше прво водство 17:16, кое, со тројка, го донесе Лука.Стојановски во 13. минута.  И во наредните минути од финалето констатацијата остана иста – недостасуваа повеќе реализации. Пелистер беше екипата која почна да погодува тројки, и тоа во серија. Во 18 минута, по тројката на Костоски, битолчани имаа највисоки 30:25, а потоа и 33:27. Пелистер на крајот на втората четвртина водеше со 36:31 или +5.   

На стартот на второто полувреме погодуваа Костоски и Магдевски, од другата одговараа браќата Стојановски, битолчани на срединаат од третата четвртина имаа уште повисока разлика 46:38. Маслинко погоди за 50:42 во 27. минута. “Металците“ потоа успеаа да „фатат“ резултатски приклучок 47:50, а во последните 10 минути се “влезе“ со резултат 52:49 за Пелистер.Во четвртиот кваратак Робев донесе нерешен резултат, а на семафорот стоеја четири петки 55:55. Пелистер поведе минимално 57:55, а потоа МЗТ врати со 59:60. Во последната минута двете екипи влегоа апсолутно израмнети 60:60. МЗТ Скопје го имаше последниот напад  во кој на 2.7 секунди погоди 62:60. “Пелистерци“ шансата за победа ја загубија, а најрасположен играч Александар Костоски не го погоди шутот вреден пехар во националниот Куп.

More from ВестиMore posts in Вести »