Press "Enter" to skip to content

Радуловиќ и Планиниќ: да го освоиме првиот трофеј за битолчани, за публиката која е наш шести играч

Денес во Битола на свој терен кошаркарите на Пелистер ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија, по победата над Еуро Никел во полуфиналето.  По натпреварот своја анализа даде тренерот Дарко Радуловиќ. Тој нагласи дека дуелот со Еуро Никел бил типичен како и останатите, а го посочи и главниот адут во нивната победа.-Како и за сите натпревари досега со Еуро Никел, така и сега. Беше тесно, тврдо. Секогаш успеаваат да наметнат свое, споро темпо на игра. Одлично ја држат топката и нè тераат многу да работиме во одбрана. Денес победи енергијата кај нас, имавме 17-18 скока повеќе од нив и тоа беше клучно. Што се однесува до финалето се е во игра. Ние два пати го имаме победени МЗТ но тоа не значи ништо кога е во прашање купот. Сепак се надевам дека пехарот ќе остане во Битола.Јуре Планиниќ беше вистински лидер тимот, постигна со 27 поени, од кои 24 во првото полувреме. Планиниќ се заблагодари на публиката за поддршката, зборуваше за натпреварот, но најави и дека сака трофеј во финалето.

-Ова беше многу тежок меч. Одработивме се што побара тренерот од нас. Еуро Никел е многу добар ривал, одигравме на висока граница од можностите. Ништо сè уште не сме направиле, сега нè очекува натпреварот со МЗТ за трофејот. Прво мора добро да се одмориме, колку што се може за краток рок, а потоа да се подготвиме за тоа што следи и да го освоиме првиот трофеј за битолчани. Сакам да се заблагодарам и на оваа одлична публика, која беше наш шести играч. Се надевам утре ќе дојдат во уште поголем број“, изјави Планиниќ.

More from ВестиMore posts in Вести »