Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен крадец во Битола, расчистени пет тешки кражби направени од него 

На 16.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 47 годишно лице од Битола. Тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул. „Илинденска“.

Лицето било приведено во полициска станица  и  во службен разговор признал уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во куќи, станови и во параклис на подрачје на Битола. 

Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна  кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »