Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади на обезбедување и полициски службеник, малолетничко насилство, приведување

На 18.02.2024 во 02.30 часот во СВР Битола, Г.С. (48) од Битола пријавил дека на работното место како обезбедување на ноќен клуб бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

17.02.2024 во 04.00 часот на ул. “Ѓорги Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 19 годишник  од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 16.02.2024 во 16.00 часот во СВР Битола, Б.Б. (42) од Битола пријавил дека во основното училиште каде учел, неговиот малолетен син бил вознемируван и добивал закани од негова соученичка и нејзината мајка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 16.02.2024 во село Новаци, битолско, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 32 лице од истото село. При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка и 106 дијаболи. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »