Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, каснувања од кучиња скитници

На 19.02.2024 во 18.20 часот во СВР Битола, Д.В. (25) од Битола пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски” бил физички нападнат од Д.У.(18). Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19.02.2024 во 10.50 часот во СВР Битола, З.С.(52) од с.Живојно, битолско, пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола неговиот малолетен син било каснат од куче скитник.

На 19.02.2024 во 11.00 часот во СВР Битола, Д.С.(49) од с.Буково, битолско, пријавила дека на ул.„Широк Сокак” во Битола нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 19.02.2024 во 17.20 часот во СВР Битола, Ѓ.Ј.(34) од Битола пријавил дека на ул.„Анести Пановски“ во Битола, тој и неговиот брат М.Ј., поради претходно нетрпение и недоразбирање, биле нападнати со остар предмет од Х.Ј. од Битола. Притоа, Ѓ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »