Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности, со што во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти.
Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство.Активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата Захарија Шумљанска, а во Горно Оризари во тек е изведба на водоводна мрежа.
Со овие активности, општината уште пред официјалниот почеток на градежната сезона, веќе работи на реализација на проектите согласно Програмите за работа.