Press "Enter" to skip to content

Ракометарот Жарко Пешевски спортист на Битола за 2023 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа (мега фотогалерија)

-Признание за животно дело на Битола за спорт, за ракомет – Атанас Нашоку – Саку, за фудбал – Коќо Баљари и постхумно за Силјан Мицевски – почесниот претседател на Сојузот на спортови.

-За општествено одговорни кимпании признанија добиија “Таскфорс“, “Кромберт и Шуберт“ и синдикатот на РЕК Битола, а посебни признанија за поединци, планинари, боксери, репрезентативки..

-Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и за победниците на ноќната трка во Битола.Вечерва во салата на Народниот театар од Битола се одржа 60. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2023 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Советот на Општина Битола, претставуван од Габриела Илиевска. Во име на организатор на изборот, Сојузот на спортови се обрати претседателот Сашко Павловски, кој присутните ги поздрави им ги честита наградите на доботниците и се заблагодари на Општина Битола, градоначникот и претседателката на Советот за поддршката која ми ја даваат на Сојузот на спортови и на спортот во Битола, а зборуваше и за големиот јубилеј на оваа манифестација која се одржа по 60. пат.Павловски во кратки црти се осврна на историјата на Сојузот на спортови и битолскиот спорт, односно најзначајните фази во трансформацијата на спортските клубови, а беше прикажан и краток документарен филм за сите добитници на ова признание.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави ги поздрави присутните, кои рече дека се радува на тоа што само за десетина дена имавме на три пато преполна сала со публика како резултат на спортските резултати на највисоко ниво, а посебно за тоа што во спортот се присутни и голем број на млади спортисти кои ќе добијат и награди. Коњановски им ги додели и дел од наградите на најдобрите спортисти на Битола за 2023 година, на најдобриот спортист Жарко Пешевски – капитен на РК Еурофарм Пелистер со кој освои домашна титула и настапува во Лигата на Шампиони, кој по доделувањето на статуетката за најдобар спортист рече:-Посебна чест да се присуствува на оваа манифестација, и секако уште и да се добие статутката за најдобар спортист на Битола, а се заблагодари на Сојузот на спортови во име на сите добитници, на кои им порача да не се откажуваат и да бидат упорни бидејќи спортот тоа и го бара. Второто место му припадна на кошаркарот Андреј Маслинко, третото место на скијачката Ева Милевска и боксерот Ален Рустемовски.Следуваат Давид Влајковски, Христијан Илиевски, Христо Василевски, Кристиан Стојани, Леа Бошевска, Александар Фидановски, Синиша Кочоски, Даниел Главевски Зхоу и Филип Макаловски.За најдобра екипа за 2023 година е прогласен рекометнио клуб  Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија и за настапите во Лигата на Шампиони.Вторапласирана се кошаркарите на Пелистер, а на трето место се боксерите на Пелистерски јунак и билијард клубот Лонгони.Плакети за ветерани на спортот – за животно дело добија Атанана Нашоку -Саку и Кочо Баљари – ракомет.

Плакета за посебно вложување во спортот доби, постхумно Силјан Мицевски – Циле, а плакетата ја доби неговиот внук Бојан Стерјев дел од сегашната управа на РК Еурофарм Пелистер.

Претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска додели дел од признанијата за посебен придонес во развојот и афирмацијата на спортот во Битола кои ги добија: Вања Атанасов, Драган Младеновски, Менде Андоновски, Горан Дамевски, Томе Тодоровски.Како и: Владе Станковски, Никола Крстев, Влатко Деловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Тасевска, Анета Павловска,  УКЛО, Танцов клуб Expose и Екстрим Бајк клуб.Шест битолчанки добија посебни признанија, плакета, затоа што во изминатата година биле дел од македонски селекции, а тоа се, одбојкарките: Лиле Лозановска, Билјана Јаковлевска, Ана Ицковска, кошаркаркарката Марија Димитровска, ракометарката Кристина  Наумовска и кугларката Стефанија Алексовска.Плакета за битолчанец кој води македонска селекција доби, селекторот на македонската репрезентација, Јове Петревски – Оцо.

За општествено одговорни компании кои го помагаат спортот во Битола плакети добија “Таскфорс“, “Кромерг и Шуберт“ и синдикатот на РЕК Битола.

Награди на предлог на Сојузот за училишен спорт спорт добија професорите Христина Ристовска и Драган Спировски, а за победници во ноќната трка ОУ “Елпида Караманди“ и Медицинско училиште.Младинци, кадети и пионери наградени од Сојузот на спорови се: за боречки вештини се: Марија  Димовска, Сара Стојановска, Љупчо Бошевски, Николај Петковски, Емилија Илковска, Давид Јошевски, Јована Јаневска, Јован Рутевски, Арабел Рустемовски и Леонардо Стојков.За спортови со топка: Андреј Силјановски, Габриел Крстевски, Натаниел Димовски, Георгина Димитровска,  Ана Бела Милошевска, Ѓорѓи Гајтановски, Искра Момировска, Кристина Вељановска, Јована Петревска  и Наталија Дишковска.За други спортови: Алексеј Стојковски, Бојан Јовчевски,  Евгениј Ристевски, Илија Димовски, Антониа Крстевска,  Теодора Христова, Лора Крстевска, Максимилијан Лазевски, Кристијан Митев, Андреј Бејковски, Дарко Китановски, Наде Смилевска, Деа Крстевска, Матеа Ангелеска, Катја Козарова, Андреа Петковска и Димитра Вељанова. 

Фото: Д. Ристевска и С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »