Press "Enter" to skip to content

Библиотеката го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Денес НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола го одбележа 21 февруари- Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со прекрасно поетско читање на повеќе јазици и изложба на книги на различни светски јазици.

-Со поддршка на УНЕСКО, овој ден се празнува се со цел да се прослават повеќето од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес. За жал дел од овие јазици изумираат на глобално ниво. Со цел да се зачува еден јазик, истиот треба да се негува и изучува. Токму поради тоа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката, културната разновидност и мултилингвизмот, беше речено на одбележувањето.Учениците од VI и VIII одделение од ООУ„Елпида Караманди“ Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Петровска рецитираа лични творби напишани на македонски, англиски, германски, влашки и турски јазик.

-Јазикот е најголемото богатство, оружје и еден културен белег на секоја заедница. Затоа истиот треба да го негуваме, е пораката која е испратена од Библиотеката.

More from ВестиMore posts in Вести »