Press "Enter" to skip to content

Пелистер после Купот продолжува без Хот и Фуџет, се преселија во Вардар

Тренерот на кошаркарите на Пелистер од Битола, Дарко Радуловиќ, после натпреварите во Купот кој се одигра во Битола продолжува без двајца кошаркари во тимот, кои се преселија во екипата на Вардар.

Се работи за доскорешниот младински репрезентативец на Македонија на возраст од 20 години, Апар Хот кој во дресот на Пелистер од Битола, одигра 10 натпревари во АБА2 лигата и просечно бележеше по 2,4 поени и 2,2 скока по натпревар, за нешто помалку од 20 минути на паркетот, додека во домашниот шампионат имаше далеку подобар скор од 6,9 поени и 6,1 скок. 

Втотиот кошаркар кој го напушти Пелистер, а и тој се пресели во тимот на Вардар е плејмејкерот Џон Ил Фуџет. Американецот одигра неколку солидни натпревари во АБА2 лигата и просечно бележеше 6,3 поени за 19 минути минати на паркетот. 

More from ВестиMore posts in Вести »